1022 hPa
81 %
9 °C
Скопје - Пон, 02.12.2024 11:59
Службена обврска на Странски служби е да читаат службен весник. Од архивите: Еве како „ме зезаш“ службено стана судијка.
* * *
Џогирањето по грчките плажи е непресушен извор на инспирација за македонските политичари. Тие мора да одржуваат кондиција за да можат со сите сили да се борат за одбрана на името и идентитетот.
Нели?
* * *
Почитувани,
Вие што и покрај сè, верувате во нас, дека ние ги креираме разговорите. Мора да ви откриеме една мала тајна. И покрај сите наши обиди, со сите можни инструменти и тактички опреми, гласот на Силванева Бонева не може да се креира. Едноставно, не е можно.
А се убивме од работа.
* * *
При спонтана обиколка нaшето комбе го пресретна комбето кое разгледува градежни плацеви низ населбите на Скопје.
* * *
Прашање до Странски служби: „Дали началникот е ваш соработник?“
Одговор: Ние никогаш не ги откриваме нашите соработници.
Сепак, во интерес на јавноста, го објавуваме Транскриптот бр. 137 од 2010 година:
-Ало, Сашо.
-Ало началниче, кажи што ти треба.
-Итно ми треба пусулче дека не сум соработник ниту на странски ниту на домашни служби.
- Нема проблем. Сега ѝ вртам на Гоца, има за еден саат да добиеш документ дека не си соработник на странски служби.
* * *
Како што веќе рековме, ние ровариме низ Македонија повеќе од 100 години. Оваа фотка е од нашето следење на премиерот во Втората Светска Војна. Голем поддржувач на рекреацијата и спортот.
* * *
Еве како „Началникот“ во Сител го заштитува својот мобилен телефон од прислушкување на странски служби. Поздрав „Началниче“!
* * *
Странски служби дојдоа до идејното решение за новата рекламна кампања на Грујо звани ГУП и Миле звани ДУП.
* * *
Агенцијата ВМРО-ДПМ-НЕДВИЖНИНИ огласува:
* * *
Задача за екстерно по математика за Антонио Милошоски: Колку скопјани, прилепчани, кичевчани, охриѓани и преспанци има на „Широк сокак“, ако колоната е долга 200 метри, има по 10 луѓе во еден ред, а редовите се оддалечени еден од друг 1 метар?
* * *
Клин со клин се избива!
А странски служби, со странски инвестиции!
Па и ние сме странска инвестиција, будалетинки!
* * *
Демантираме каква било поврзаност со откриената техничка опрема за прислушкување во Гостивар, тоа е некоја паралелна Служба за која државата не знае, а за нас знаат зашто ние сме во тесна соработка со институциите на државата!
Извор: Странски служби
Насловна слика: Вековниот грб на Странски служби