Материјали од Странски служби за и околу оставките

13.05.2015 14:31
Материјали од Странски служби за и околу оставките

Нов албум на Странски служби - Оставки 2015.
Денеска собравме три сликички.
Кој е следниот?

 

И ете, така, понекогаш и на „шефот“ му текнуваат добри идеи. Ало, „шефе“, а и ти да си дадеш оставка? Дур е време.

Штотуку добивме порака од нашитe соработници „Кифла“ и „Љубо манијак“ дека политичките затвореници веќе почнале да собираат сликички за новиот албум „Идризово 2016“.

„Кифла“ и „Љубо манијак“ нè известуваат дека во тек е формирање на одбор за дочек на претставниците на Заджичниот комитет на ДПМНЕ - Идризово.

Од извори блиски на друштвото од „Аминта Трети од Белизе“ дознаваме дека ГДОМ ќе се преименува во ГДОГ (Граѓанско движење за одбрана на Грујо).

„Кифла“ и „Љубо манијак“ јавуваат дека „Душкало“ бил вечерва на смена и испратил поздрав до „Началникот“.

Од извори блиски на „Шител 3“ дознаваме дека „Јанко Јади Бурек“ ич не размислува за поднесување оставка.

Нема више „Џандар збира“.

„Солзи сами капат прости ми,
Тешки се ко твоите гревови...“

ЌАРЕТЕ ПОВЕЌЕ
СО ФАНТАСТИЧНО РЕАЛНАТА ПОНУДА
НА КЛАДИЛНИЦАТА „ЗЛАТЕН ОПИНОК“

Го начекавме сабајлево „Началникот“ како автостопира.

Од извори блиски на експертот за МВРО Љ.З. дознаваме дека Горде купила авионски билет во еден правец за да биде поблиску до нејзината омилена филмска ѕвезда.

Извор: Странски служби