АБВГ ДЃЕЖЗ

06.04.2015 12:38
АБВГ ДЃЕЖЗ

Планетата ТУГАДОР е место каде што останаа да живеат само оние кои немаат друг избор. Зошто? Благодарение на доминантната политичка сила која се одзива на името АБВГ ДЃЕЖЗ.

Никој здрав не можеше да објасни што се крие зад овој акроним, но сепак секој разумен на планетата знаеше дека станува збор за нешто подло и расипано.

Во американските вестерн филмови, секогаш имало место за вистински мажи. Тоа се оние со колт во џебот (футролата), седнати на масата за покер (со свои заработени пари) во зачадената гостилница (салун), со картите и вискито на истата таа маса и се разбира со убави жени покрај неа (масата). Ако лажеш на карти, мртов си, и никој нема да одговара.

Во американските вестерн филмови, ако украдеш коњ, ќе те обесат по кратка постапка. Затоа што ако некому во пустина му украдеш коњ, тој е мртов. Па зарем има причина коњокрадците да живеат?

Во истите тие филмови, ако пукаш на невооружен човек или кога некој ти е свртен со грбот, ќе те обесат по кратка постапка. Затоа што не фер тоа да го правиш.

Овие луѓе (мажи) за 150 години од ливада направија светска суперсила...

Слики: Michael Tunk

Слични содржини

Книжевност
Книжевност / Уметност / Филм / Око
Книжевност / Живот
Книжевност
Книжевност / Живот
Книжевност / Психологија / Живот

ОкоБоли главаВицФото