1005 hPa
94 %
19 °C
Скопје - Вто, 10.09.2024 03:59
-Татo, може да ги вратам шишињата од пивo и со кауцијата да купам леб?
-Aбе сине, да не сум ја у куќава, ќе умрeте од глaд!
***
- Тато, ќе излезам со девојката. Имаш 500 денари?
- Излегувај сине, не се секирај за мене!
***
- Тато бе, шо ќе праам со 50 денари у град?
- Потроши ги бе, сине, еднаш се живее.
***
Татко и син разговараат за иднината на синот.
- Тато, решив да се бавам со организиран криминал.
- Ако, сине. Државно си е државно.
***
Менување на глаголот молчам по лице, род и број:
-Јас молчам
-Ти молчиш
-Тој, таа, тоа молчи
-Ние молчиме
-Вие молчите
-Тие крадат.
***
Последните зборови на Исус пред Македонците:
- Не правете ништо додека не се вратам!
Тројца македонски парламентарци (од ВМРО, СДСМ и ДУИ) релаксирано разговараат во бифето на собранието.
Првиот рекол:
– Знаете дека на Марс има суштествени?
Вториот се подзамислил и додал:
– Тоа, според мене, се само хипотенузи.
Третиот, од ДУИ, намуртено рекол:
– Јас мислам дека вие двајца сте апсолутно импотентни да зборувате за прашањето.
***
Акција:
Кој ќе купи факултетска диплома, гратис добива сведителство за основно училиште!
***
Зошто хирурзите најмногу сакаат македонски политичари?
- Зашто политичарите најлесно се оперираат: немаат срце, немаат рбет, целите се стомак, а задникот и главата им се идентични.
***
Во македонските болници има само два вида дијагнози:
- Ништо не ви е.
- Што сте чекале до сега!
Му велам, шефе, може ли некакво унапредување, рмбачам како магаре?
Може, вели тој, сега ќе те унапредам па ќе работиш ко коњ.
***
Вработен оди кај шефот и му вели:
- Ако не ми ја покачите платата за 50 евра, на сите ќе им кажам дека сте ми ја покачиле за 100 евра!
***
Ако животот е тажен, платата е смешна.
***
- Ти дојде платата?
- Не. Беше само на поминување, се брзаше, не сакаше да се задржува.
***
- Каде ги чуваш парите, во банка или дома?
- Во сеќавањата.
***
Денес некои работници истоваруваат роба од камион.
Им приоѓам, застанувам крај нив и палам цигара.
Кој ги ебе, нек мисли народот дека сум им шеф.
***
- Веќе пет месеци имам бизнис во Македонија и имам еден милион.
- Машала, како ти успеа?
- Почнав со два милиона.
Ме прсна сланината од тавата.
Зошто секогаш најмногу нè повредуваат оние што ги сакаме?!
***
- Колку јако да го направам кафето?
- Да се покаже на тест за наркотици!
***
- Дајте ми три литра вино.
- Носите некаков сад?
- Госпоѓо, со садот разговарате!
***
Оди Македонец кај попот да се исповеда:
– Попе сакам да се исповедам, најдов 500 евра на улица.
– И што направи, сине?
– Истото што и Исус, попе.
– Ги врати парите?
– Не, ги претворив во вино.
Дедо живеел на планина близу до езерце. Еднаш тргнал со кофата да бере шумски плодови крај езерото. Кога се доближил до брегот слушнал весело смеење и видел три голи девојки како се капат во езерото. Штом го забележале, девојките се спуштиле во вода до вратовите, а едната од нив извикала:
– Нема да излеземе додека не си отидеш!
Старецот само ја кренал кофата и рекол:
– Не дојдов овде да ги гледам вашите голотии. Дојдов да го нахранам крокодилот!
***
Сериозна врска е кога некого викаш да гледате серија, а не филм.
***
Филмовите за возрасни кај младите создаваат нереална претстава за тоа колку брзо може да дојде водоводџијата.
***
- Тато, зошто во Македонија еден маж може да има само една жена?
- Законот нè штити, синко!
***
- Жена ми вчера избега со мојот најдобар пријател Перо.
- Од кога па тебе најдобар пријател ти е Перо?
- Од вчера.
***
На жена ми некоја гатара за 20 евра ѝ прeдвидела караница вкуќи.
Уште од прагот таа почна да ми се дере, да не пропаднат парите!
Англичанец, Ирец и Шкотланѓанец, притиснати до ѕид, чекаат да бидат стрелани од вод војници. Англичанецот наеднаш викнал „земјотрес!“, па во настанатиот метеж го прескокнал ѕидот и избегал. Шкотланѓанецот викнал „поплава!“ и исто успеал да избега. Ирецот викнал „fire“.
(англискиот збор fire едновремено значи и „оган“, „пожар“ и - „пукајте“)
***
Наставничка по македонски родила близнаци. Веднаш му испратила СМС на мажот:
„Машки род. Множина.“
***
Разговараат две плавуши.
- Леле, Цуци, можам да разберам штрк да ми донесе бебе, ама пајак да крене кола... Е во тоа не верувам!
***
- Зошто црнците јадат бела чоколада?
- За да не си го одгризат прстот.
***
Зошто војникот мора да носи шлем?
За нешто да не му падне на памет.
***
Мујо влегол во кафеана и го прашува келнерот:
- Имаш пиво?
- Имам.
- Ладно ти е?
- Да.
- Иди облечи се и донеси ми го пивото.
***
Во продавница за подароци.
– Дајте ми го црвенион плишан газ, ве молам.
– Но, господине, тоа е срце!
– Госпоѓо, јас сум кардиолог и одлично знам како изгледа срце. Дајте ми го црвениот плишан газ.