Матријархалното општество на островот Кихну

18.09.2015 16:16
Матријархалното општество на островот Кихну

Островот Кихну кој се наоѓа на Балтичкото море во Естонија е дом на едно од последните матријархални општества во светот.

Според последниот попис на жителите, Кихну е населен со 604 жители, а за нив се одговорни жените од островот кои со векови го имаат главниот збор. Првото споменување на Кихну во историјата е забележано во 1386 година, додека уште постари историски извори докажуваат дека островот бил познато место за лов на фоки.

Мажите во Кихну традиционално се занимаваат со риболов што доведува до тоа да мораат нивните жени и деца со месеци да ги оставаат сами на копно. Овој начин на живот предизвикал жените да ги земат работите во свои раце и да почнат да управуваат со островот, настојувајќи да ја заштитат и зачуваат тамошната култура и традиција.

Народното наследство и традиција се сметаат за исклучително важни, па секој жител на Кихну секојдневно се обидува да ги сочува, имајќи го во предвид и фактот дека децата посетуваат училишта во кои се користи Кихну дијалект и учат да свират на традиционални инструменти.

Најважната улога во зачувувањето на традицијата ја имаат жените кои со задоволство отсекогаш секојдневно носат традиционални Кихну носии во интензивни бои, изработени од волна. Од особено значење за жителите на островот е пеењето на народни песни за време на религиозни церемонии и изработката на традиционални предмети.

Кихну културата, особено свадбената церемонија, во 2003 година UNESCO Masterpieces ја препознава како светски важна, ставајќи ја под заштита како културно наследство на човештвото. Исто така, на својата интернет страница, УНЕСКО објави видео кое во само неколку минути ги претставува најважните факти за Кихну културата.

При посетата на овој остров, пред вашиот траект најпрво ве дочекуваат прекрасните огромни галеби, а потоа ќе ги забележите преубавите куќи обоени во пастелни бои. Штом завршат убавите летни денови кои кратко траат, селото во зима потонува во снег и мраз. За да може целосно да се сфати и доживее културното наследство на овој остров, се препорачува да се посети за време на верските празници како Божиќ или Св. Катерина, кога традиција најмногу доаѓа до израз.

Извор: www.voxfeminae.net