(Спокојни под браната)

19.09.2015 13:07

* * *
спокојни под браната:
знаеме дека малиот прст
ја чува од излевање.
но, притисокот
одеднаш се зголемува:
во ушите ни пишти –
тревога.
нараснува реката.
ги затвораме очите
надевајќи се: поплавата
овој пат ќе нè одмине.

Исаковски на Окно

Слични содржини

ОкоБоли главаВицФото