Еби се, Исаковски (ете ми наслов за некоја идна збирка поезија)

15.12.2015 12:42

еби се, исаковски (да продолжиме)
со твојата надменост над смртта
со твојата надменост над животот
со твоето плукање врз секојдневието

еби се, исаковски, ти и твоите
замисли за подобар свет
кога и овој каков-таков
го поебуваш колку можеш

еби се, исаковски, нашите деца
никогаш нема да ги читаат твоите срања
фала богу, имаме ние луѓе на позиции
и соодветни кадри за паметни решенија

еби се, исаковски, ти и сите твои
зашто додека ти плукаш врз лицемери
и малограѓани, ние просто се множиме
и се плодиме (ко ебани бацили, би рекол ти!)

еби се, исаковски, и нека се ебат сите слични
на тебе – ќе ви земеме мерка и проверка
во првиот згоден момент. ако не сте со нас
тогаш сте секогаш и вечно против.

тибам сè исаковски, пак ти..!


15.12.2010 03:03

 

Слични содржини

Секој ден песна
Секој ден песна
Секој ден песна
Секој ден песна
Секој ден песна
Секој ден песна
Секој ден песна

ОкоБоли главаВицФото