1014 hPa
26 %
33 °C
Скопје - Сре, 19.08.2026 14:01
На поетот в кино му е најфино
ако одненадеж си рече "кадар-стоп",
зашто осветлен од творечкиот сноп
го здогледал во некое кадро
бараното стихувано јадро!
На поетот в кино му е најфино
кога загледан во филмската перспектива
напати се пренесува во поетската нива
од која режијата стихови зема
и ги реди во филмската тема.
Но, ако сериозно се земе,
на поетот в кино му е најфино
кога со ќерката и со синот,
растоварени од секојдневното бреме
шетаат безгрижни низ филмското време!