Мала музичка биографија

23.09.2020 17:56

Татко и мајка немаа мир,
Сè дури не ме дадоа на клавир.

На почеток солфежот ми одеше лесно,
Па испитот тежок го положив тесно.

Да не паднам, место мрсно двојче,
Ми дадоа посно тројче!

Потоа на клавирските часови,
Ми ѕунеа в глава познатите гласови:

„Секое дете мора од рано,
Да почне со пијано!“

Врз клавијатурата од некој инат,
Постојано удирав како шинат!

Таквиот пристап роди резултати
што газето детско дебело ги плати.

По цела година клавирско обучување,
Ме спаси безусловното исклучување!

Татко го читаше бесен и наежен,
Сведителството за случајот безнадежен.

Не беше од полза
ни мајкината солза.

Се сеќавам, тивко рече:
„Животот сам нека го пече!“

А јас тоа така го сфатив,
Што од дома веднаш магла фатив!

На Градска плажа појдов на печење,
По долгото клавирско гмечење!

 

Слични содржини

Секој ден песна
Секој ден песна
Секој ден песна
Секој ден песна
Пандалф Вулкански
Пандалф Вулкански
Секој ден песна

ОкоБоли главаВицФото