На Матка ѝ ставија затка

16.09.2020 12:20

Во висока и сура каменита клисура,
на Матка ѝ ставија бетонска затка!

Од затките бетонски има полза зашто струја молзат,
и преку водови ја праќаат до градските сводови.

Под густата леска зад затката е Треска,
за реката тоа е прилика да сонува електрика!

Без мана е таа затка, таа брана на Матка,
тој бетонски ѕид што поврзал рид со рид.

Да немаше таков чеп би останал градот слеп,
а восочни свеќи ќе купувавме со вреќи!

На клисурата Матка ѝ ставија бетонска затка,
за ноќите скопски цели да бидат електрично бели!

 

Слични содржини

Секој ден песна
Секој ден песна
Секој ден песна
Секој ден песна
Секој ден песна
Секој ден песна
Секој ден песна
Пандалф Вулкански

ОкоБоли главаВицФото