На хартиени летала

21.10.2015 02:19
На хартиени летала

Барбари

Кога беше мал, со глас на писка,
РАБАРБАРА! од балконот свриска.
И од нишалки, скироли, тротинети ‒ врвеж!
Па од колички, бавчички и од дрвја,
па од прозорци и од балкони и тераси,
секакви Барбари: во фармерки, здолништа, од пеленица!,
помочани, изудирани и оние со флекави лица,
надојдоа и рекоа во еден глас:
кој нè вика нас?
Толку Барбари има кај нас.

На хартиени летала

На хартиени летала
се лета најтивко.
На хартиени летала
се лета највишно.

На хартиени летала
се лета без мака.
На хартиени летала
стигнуваш кај сакаш.

Дане Зајц (1929-2005), словенечки поет и драмски писател. Се смета за еден од најважните словенечки поети од втората половина на XX век. Бил претседател на Словенечкото друштво на писатели. Добитник е на престижната награда „Прешерн“ за животно дело. Првите песни ги објавува во 1947 година, во списанието „Ние, младите“ кое го основа со уште неколку поети. Автор е на десетина поетски збирки, осум драми и шест поетски збирки за деца. Американскиот кантавтор Крис Екман во 2008 година објавува ЦД со наслов „The Last Side of the Mountain“, кое содржи десетина адаптации на песни од Дане Зајц.

Превод: Александар Поповски
Корекција на преводот: П. В.
Сликa: Jean Cormier

Слични содржини

Книжевност
Книжевност
Книжевност
Книжевност
Книжевност
Книжевност

ОкоБоли главаВицФото