Повик за учество на работилница за аналогна фотографија

13.11.2015 17:00
Повик за учество на работилница за аналогна фотографија

Културниот центар Кула објавува повик за учество во работилница за аналогна фотографија. Повикот е отворен за сите кои веќе имаат познавање или би сакале да се запознаат со техниките на изработка на аналогна фотографија.

Датум: 19-24 ноември
Време: 9-18 часот
Место: Културен центар „Кула“
Ментори: Сашо. Н. Алушевски, Наташа Неделкова, Амир Карахасан
Партиципација: /

Рок за пријавување: 17 ноември

 

Што е Аналогна фотографија?

Терминот аналогна го користиме со цел полесно да направиме разлика помеѓу дигиталната фотографија и фотографијата која се впишува врз индустриски спакувани, готови производи кои се на база на халогениди на среброто (филм, во овој случај 35 мм и фотохартија).

Аналогната фотографија подразбира употреба на филм (сребрена емулзија) кој кога доаѓа во допир со светлина (експозиција), предизвикува распаѓање на сребрените соли. На тој начин се добива слика која не е видлива и се нарекува негатив.

Ако негативот го ставиме на фотохартија и го осветлиме, се добива невидлива слика која во развивач станува позитив, соодветен на реалноста.

Опис на работилницата

Учесниците на оваа работилница ќе имаат можност да се запознаат со сите етапи кои се дел од процесот на изработка на аналогна фотографија.

Ден 1: 19.11.2015 (четврток) - Кула

Работилницата започнува на 19.11.2015 (четврток) од 18 часот. Најпрво предвидено е да се одржи презентација на која учесниците ќе се запознаат и ќе научат како да управуваат со аналоген фотоапарат, а потоа дискусија помеѓу ментрорите и учесниците со цел да се формираат и изберат неколку различни теми на кои ќе се работи во текот на работилницата. Истиот ден ќе се воспостават и работни групи.

Ден 2: 20.11.2015 (петок)

Вториот ден е предвиден за работа на терен, односно фотографирање на локации по избор на учесниците.

Ден 3: 21.11.2015 (сабота) - Кула
Ден 4: 22.11.2015 (недела) - Кула
Ден 5: 23.11.2015 (понеделник) - Кула
Ден 6: 24.11.2015 (вторник) - Кула

Овие четри дена од работилницата ќе се одвиваат во просториите на Кула, кои за потреба на работилницата ке бидат претворени во фотолабораторија. Работата на учесниците ќе се одвива во два термини и групи кои претходно ќе бидат утврдени првиот ден од работилницата, 19.11.2015 (четврток).

По завршувањето на работилницата ќе следува изложба со фотографиите кои учесниците ќе ги направат за време на работилницата.

Аплицирање

Сите заинтересирани можат да се пријават преку испраќање на кратко мотивационо писмо, пополнета апликација заедно со 3 сопствени фотографии (дигитални или аналогни) кои најдобро го претставуваат досегашниот стил на работа. За учество во работилницата задолжително е сите учесници да поседуваат аналоген фотоапарат (35мм). Кула ги обезбедува сите останати материјали за работа.

За учество во работилницата не е потребно претходно искуство во оваа област. Бројот на учесници во работилницата е ограничен.

Работилницата е поддржана од Холандската Амбасада во Скопје.

Повеќе информации можете да добиете на workshop@ku-la.org или на 078-632-123.

Слични содржини

Фотографија / Живот / Уметност
Фотографија / Gif / Теорија / Историја
Фотографија / Балкан / Историја
Фотографија / Став / Уметност

ОкоБоли главаВицФото