Отров

01.12.2015 15:04

Само зборот се почитува и не се смета.
Овде
капе капка и тоа е како кога
распукува ѕвоно.

Ќе недостасува во вјеки вјеков
кои белки ќе достасаат.

Ќе впрегнеш милиграм и тоа е како
Хуните да ги спроведуваш низ кланецот Чешка.
Од тој страв треперат
рачињата на бројчаниците и
кривите црти во зелените очи на сликовниците.
Капе капката и тоа е отров,
илјада коренчиња
враснати сред жили.
Во главата ни е лом.
Често не знаеме каде е вистината.
Но
секогаш знаеме каде е лагата.

Препев: П. В.

Мирослав Холуб (Miroslav Holub, 1923-1998), чешки поет и лекар - имунолог. Прв во чешката поезија ги внел симболите од науката, но повеќе во филозофска отколку во научна смисла. Им припаѓал на кругот писатели: Милан Кундера, Јиржи Шотола, Мирослав Флоријан, Карел Шиктанец, Иван Дивиш... Еден е од најпреведуваните и во странство најпознатите чешки поети.

 

Слични содржини

Секој ден песна
Секој ден песна
Секој ден песна
Секој ден песна
Секој ден песна
Секој ден песна
Секој ден песна
Секој ден песна

ОкоБоли главаВицФото