Глупиот, наивниот и богатиот!

05.01.2016 10:47
Глупиот, наивниот и богатиот!

Јавноста очекува одговори како Радио Слободна Македонија само со еден вработен стекнала големи приходи?

Од каде им се милионските приходи на медиумите коишто ги уредува Никола Груевски?

Дали пропагандата по нарачка на Никола Груевски, за прикривање на криминалот и корупцијата во изминатите 10 години, се плаќа со пари на граѓаните?

Се вели во уште едно прилично бесмислено соопштение на СДСМ!

Не, не, не.

Дарагие друзја!

Јавноста не очекува такви одговори!

Може да се каже дека јавноста ја боли курот за тоа како една провизорна фирма со еден вработен стекнала големи приходи.

Зошто па да не стекнала!?

А и прашањето дали пропагандата на Груевски се плаќа со пари на граѓаните, не ги интересира како такво затоа што сите знаат дека одговорот е „да“!

Тој вид политичка саморепродукција, една квизна форма на прашања и одговори меѓу двете партии, меѓу нивните портпароли и центри за емисии на суспендирани честички за загадување на воздухот со глупост, која трае дваесет и кусур години, е една од основите на несопирливото лизгање на Македонија кон дното на сите дна.

Јавноста бара, не очекува, бара, неодложно приведување кон правдата на апашите, одземање на нивните незаконски стекнати имоти, окаматени според признатите модели и најстроги можни затворски казни.

А за една опозициона партија: како мисли таа работа да ја реалзира, значи - идеен, правен, политички, социјален, безбедносен, културен проект за правна и културна рехабилитација и обнова на Македонија, синхронизиран со најрадикалната деструкција и демонтажа на груевизмот!

Инаку, можете да го прашувате премиерот од кај му се гаражите или парите до утре сабајле, добро, може и некоја година подолго!

Извор: Фејсбук профилот на авторот
Слика: Александар Јосифовски