Споменик на „Дијазепам“ во центарот на Скопје

10.03.2016 03:44
Споменик на „Дијазепам“ во центарот на Скопје

Од вчера попладне, во центарот на Скопје никна „Споменик на Дијазапамот“. Урбаните герилци смируваат, ова не е дел од „Скопје 2014“, туку нивна акција инспирирана од фактот дека ова средство за смирување е втор лек по продажба во Македонија, пишува А1Он.

Споменикот кој веднаш предизвика интерес меѓу минувачите, ја претставува зголемената потрошувачка на антидепресиви во 2013 година, во однос на 2010 година. За три години, потрошувачката на „Дијазапам“ се зголемила за над 1,6 милиони реализирани рецепти, односно за околу 30 отсто, покажуваат податоците на Фондот за здравствено осигурување.

Овој тренд е во нагорна линија и претпоставките се дека во 2015 бројот на реализирани рецепти ја надминал бројката од 2 милиони рецепти (пакувања) а најмалку 500.000 пакувања се купени приватно, само со рецепт од матичен лекар.

Извор: Радио МОФ

ОкоБоли главаВицФото