1032 hPa
93 %
-1 °C
Скопје - Пет, 08.11.2024 03:59
Набројувањето на критериумите што ја одликуваат добрата песна може да биде застрашувачки потфат. Меѓутоа, постојат некои основни насоки кои при пишувањето поезија ги користат многу автори, и покрај претераната поедноставеност, тие можат да ви помогнат во разбирањето како е напишана добрата песна.
Повеќето читатели на поезија се сложуваат дека постојат основни елементи што често ги наоѓаме во песните: слика и израз, ритам, ефикасни и ефектни преломи на стиховите, фигура, мелодичност и формална конструкција на песните. Добрата песна не треба да ги има сите овие елементи; всушност, песната ќе има само еден или два елемента што ќе ѝ ја да дадат основната сила.
На пример, Вилијам Карлос Вилијамс, еден од најголемите поети на 20 век, ја користел сликата како свој примарен елемент, дополнувајќи го со други елементи. Следниот голем поет, Шејмас Хини, добитник на Нобеловата награда, го потенцирал ритамот и музикалноста на зборовите во своите песни. И вашата песна ќе добие на сила со еден или два од наведените елементи – што е природно.
Поетските слики им зборуваат на нашите сетила, будејќи силно сетилно искуство. Многу поетски слики се визуелни, но тие исто така ги будат сетилото за допир, вкус, мирис или слух. Смислата и функцијата на поетската слика е да создаде чувство на ново искуство за читателот истовремено да добие чувство како истото и лично да го почувствувал, а не само да „слушал“ за него. Едно од најчестите правила на курсевите за пишување поезија е „да се покаже, а не да се каже“. Со други зборови, немојте само да раскажете како добро сте појадувале, кажете му на читателот дека сте изеле голема чинија снегулки покриени со зрели плодови на боровинки со купче светлечки шеќер на врвот!
Поетскиот израз е спротивност на поетската слика: тој е општ, апстрактен исказ кој ретко буди некое сетилно искуство. Всушност, тој најчесто е апстрактно искажана идеја. За да биде поетскиот израз силен и делотворен, потребен е прецизен и оригинален стил; шаблонскиот израз сериозно ќе ја наруши силата на песната.
Ритамот е темелниот елемент на песната со оглед на тоа дека му овозможува на читателот движење со зборовите што се нижат долж страницата. Како што рекол големиот поет и учител Роберт Блу, ритамот на поезијата, нејзиниот пулс е истоветен со ритамот на древните танцови, музиката на нашето тело. Ритамот може да биде одреден или слободен; и во двата случаја потребен е основен тек кој ќе го носи читателот низ песната.
Одредена метрика значи дека песната има препознатлив, повторувачки или модел на она што го нарекуваме пулс. Постојат два вида ритми, силен/нагласен и слаб/ненагласен. Во песните со добра метрика овие модели се употребуваат вешто со избегнување на чувството на претерана монотонија и шаблонизација.
Ритамот на слободниот стих е потешко да се опише, бидејќи не се потпира на нагласените и ненагласените слогови; тој едноставно овозможува пријатен тек на звуците што ги произведува струењето на зборовите.
Песните може да имаат кратки и остри ритми или пак долг ритам кој низ песната се провлекува и тече; не често наидуваме и на песни во кои се содржани двата ритма.
Добрата песна ќе се одликува со зборови кои како прилив и одлив на песната ќе ѝ го дадат карактеристичното темпо.
Општо зборувајќи, песните со строга метрика не би смееле да звучат премногу механички, а оние пишувани во слободен стих и форма во позадината секако би требало да се чувствува ритамот.
Слики: Christian Schloe