Топ 10 спинови на режимот за аболицијата

19.04.2016 01:33
Топ 10 спинови на режимот за аболицијата

ТОП 10 спинови на крлежите, куртоните и лудаците од РЕЖИМОТ за аболицијата и амнестијата на фикусот Хорхе врз барабите од ВМРО-ДПМНЕ

 

Комично е да се расправаш со оние бели гомнарски дебели црви од режимот, ама јебига, тоа е тоа, некои работи мора да се прават и нема тука цмиздрење. Значи, одиме со 10 најголеми будалаштини на крлежите и куртоните кои овие денови ги пуштаат во јавноста обидувајќи се некако да најдат оправдување или пак да релативизираат околу амнестијата на мафијашите од ВМРО ДПМНЕ.

Прво, пред да почнам, да ви кажам дека помина една недела од аболицијата и амнестијата и уште не ми се верува дека имаа дрскост да го повлечат тој потег, сè уште сум во шок како истиот ден на пресот на Хорхе од вилата на Водно. ОК, одиме:

1. Аболицираните и амнестираните од опозицијата биле во подоцнежна фаза на судење и биле пред пресуда, додека овие од режимот биле само во фаза на предистражна постапка, па со тоа биле на ниво на обична гласина

Ова е очајно до коска! Тоа што случаите на опозицијата се при крај а овие другите уште не почнале, е последица на партиското судство кое брзаше со процесите за опозицијата, а случаите на режимот ги влечеше со месеци во обид да ги заташка или пак во очекување истите да застарат.

Тие сега се обидуваат како аргумент во своја корист да го користат фактот дека судството било нефер, наместо ние да го користиме тоа во обид да покажеме дека Македонија нема институции, тие го користат во обид да ја оцрнат опозицијата и да прикажат дека опозицијата многу повеќе добила од амнестијата во споредба со она што го добил режимот. Значи, излегува дека Хорхе работи за СДСМ, а не за режимот. Па кого вие ебете у здраво мозок, мајке ви га набијем?!

2. Аболицијата и амнестијата била со цел да се тргне товар од ВМРО-ДПМНЕ кој можел да биде уценуван со тие пресуди и обвиненија да го смени името

Значи, излегува дека Хорхе признава дека ако дојде до тоа да се бира меѓу затвор и интересите на Македонија, ВМРО-ДПМНЕ ќе ја избере својата кожа и ќе ја пушти Македонија во веце шолја?!

3. Заев бил веќе аболициран, Бранко тоа го правел порано и ова не е ништо ново и ништо пострашно од тоа што се има случено и порано

Ајде да го анализираме овој спин. Аболицијата на Заев, Бранко ја направи во време кога СДСМ беше опозиција, а ДПМНЕ власт. Значи, немаме ситуација на власт која се аболицира сама себе, туку опозицијата се спасува од тортура каква што слушнавме дека правел режимот и со Љубе и со Велија и со Фијат и со редица други. Значи, се работи за спин и манипулација, ич не е исто она што се случило со аболицијата на Заев со аболицијата на 50 високи раководители на ДПМНЕ, и тоа амнестирани по над 10 пати во просек. Реално имаме 500 аболиции ако се земат процесите поединечно.

4. Некаде прочитав дека Никсон во САД бил аболициран/амнестиран од наследникот Џералд Форд по оставката на Никсон по аферата Вотергејт

Ова е многу расипан спин. Никсон се откажа од политиката, но Груевски сака пак да биде премиер. Никсон можеби бил амнестиран, но неговите соработници не беа амнестирани и сите завршија во затвор на повеќе од една деценија за корупција и злоупотреба на службена положба. Така што ич не е исто! И основата за амнестијата на Никсон беше да се спаси честа на САД пред светот, дека ај што првпат претседател на САД си поднесува оставка, па уште и да оди во затвор. Тоа беше премногу за САД во време на студената војна кога САД сакаше да се претстави како речиси совршена земја. Македонија нема од што да се срами, далеку сме ние од угледот на САД и нема што да го амнестираме Грујо за да сме спаселе некаква чест на Македонија, ние сме посрамени одамна во текот на 10 години режим кој ја сруши оваа земја до последниот темел!

5. Катица работела против власта затоа што сите процеси кои ги покренала биле за ВМРО-ДПМНЕ, наместо да биде балансирана, како Телма, на пример

Ова е невидена будалаштина. Значи, Ката сега треба да отвори судски процеси за СДСМ иако тие немаат министерства, немаат владини агенции, немаат моќ, буџетот не е во нивни раце и имаат само 3 општини за разлика од ДПМНЕ која има над 50 општини. Комичен е овој спин. Но и покрај тоа, факт е дека Катица отвори случај за Бранко Црвенковски за аферата Надеж, а го побара и случајот Телеком во кој е обвинет Бучковски, што значи дека Катица нема проблем со процесирање на луѓе од СДСМ. Тоа што Заев, Циц и Андреј работат чисто во општините сега е проблем за Катица, но да се потсетиме дека ако имаше криминал во овие општини, Марко Зврлевски одамна ќе ги имаше ставено во затвор тројцава градоначалници. Тие знаат дека си имаат работа со режим и дуваат и на јогурт, имаат отворено четири очи и пазат да не направат никаква грешка во работењето, за разлика од власта која беше забегала тотално затоа што не можеле ни да претпостават дека ќе се појават бомби и ќе се формира СЈО кое ќе ги улови како глувци.

6. СЈО, бомбите и смената на режимот на ДПМНЕ бил светски заговор за промена на името

Ова е невидена глупост. Сите знаеме дека единствен начин да се смени името на земјава е ако за тоа се согласи ВМРО-ДПМНЕ, што значи речиси никогаш. За да биде решението трајно и да вроди со плод, треба да е плод на политички консензус на двете најголеми партии. Тоа значи дека името ќе се смени само кога ДПМНЕ ќе се согласи на тоа своеволно. Името нема да се смени со смена од власта на ДПМНЕ со некакви финти, тоа уште повеќе ќе ги разлути и разгневи и името никад нема да се смени. Сите знаеме дека ако името се смени без согласност на ДПМНЕ, тие ќе ја запалат државата и ќе предизвикаат вистинска бура во земјава со немири, убиства, материјална штета итн. и секако пад на владата, каква и да е. Значи, ДПМНЕ пак ќе се врати и ќе го врати името на земјата. Овие приказни се само пуштање магла и фрлање песок во очите на Македонците, со цел ДПМНЕ да си ги скрие лајната од криминалот и пљачктата која ја спроведоа овие десет години!

7. СДСМ сакала да се врати на власт на штета на интересите на државата. Тие биле исти како ДПМНЕ, исто работеле како нив порано, краделе и биле диктатори и ќе биле исти и по падот на ДПМНЕ од власт

Ова е многу депресивна и малодушна теза која ја фураат неутралците. Тоа што СДСМ се решила да го прикаже вистинското лице на режимот и што тоа раѓа национален срам за земјата пред светот не е вина на СДСМ. Тоа отвора можност СДСМ да ги поправи работите и некогаш да станеме нормална земја. Наше е да се надеваме и да се бориме, и за жал напредокот секогаш е еволутивен и бавен, но наше е да гураме напред. Затоа не смееме да се откажеме од надеж и оптимизам. СДСМ заслужува шанса да покаже дали ја научиле лекцијата од своите и туѓите грешки. Да се надеваме дека е така, но ако не е така, ќе ги смениме и нив, ние мораме да бараме од нашите политичари високи стандарди. Не смееме да ја наведнеме главата, да изгубиме надеж и да се предадеме, тоа е пораз за нас како народ и како држава!

8. СДСМ немале програма и се некадарни, се возат на туѓа работа, со СЈО и со странците се обидуваат да дојдат на власт, иако народ не ги сака и не ги бива

Ова е една од најголемите манипулации за која режимот троши многу напори и пари за да ја продаде пред народот. СЈО е плод на борбата на СДСМ, СЈО не е институција на СДСМ, туку е плод на борбата за институции кои ќе работат за народот и за државата објективно и професионално. Странците се неутрални, тие досега го креваа гласот само кога мораа и сè уште се воздржани, го канат Грујо во Брисел, Вашингтон, го викаат на преговори итн. така што мит е дека Грујо е на удар на странците. Грујо е под удар на својот багаж составен од гревови кои натежнаа до ниво и мера од која тој веќе тоне во земјата како во жив песок. СДСМ имаше и има стратегија, потенцијал и капацитет да се бори со овој режим и резултатите се гледаат. Имаат и програма и веќе една година ја промовираат, се вика ВИЗИЈАТА ЗА МАКЕДОНИЈА. Но режимот со својата диктатура и медиумски мрак не доволи таа програма да допре до народот, па сега го обвинува СДСМ дека нема програма и народот дел и верува на тој спин, затоа што реално и не чуле за програмата на СДСМ, зашто ГРУЈО ТАКА РЕШИ!

9. ДПМНЕ и Груевски отворале работни места и работеле продуктивно за Македонија, а СДСМ биле деструктивни со креирани материјали и со фабрики за афери

Да беа разговорите креирани и да беше кризата резултат на фабриката за афери, немаше да има аболиција и амнестија. Пазете, они се аболицираа пред своите сваровски судии, тоа значи дека нивните судии НЕМААТ НАЧИН КАКО ДА НЕ ГИ ОСУДАТ?!?! Има ли поголем доказ од ова дека кризата е реална и има реален криминал и дека немаме институции, туку мафија на власт?! А дека кражбата на десетици милиони евра, политичката тортура и уништување на стотици опозициски бизнисмени не може да биде економски позитивно за земјата, тоа му е јасно дури и на оној кој завршил економски во Прилеп.

10. Народот одлучувал кој ќе владее, СДСМ сака без избори да дојде на власт

Ова е еден од најперверзните спинови. Да го ценеше ДПМНЕ народот немаше да го лаже, заплашува и уценува со пропаганда, медиумска и секаква диктатура. Сите знаеме за списоците, за поткупите и за медиумскиот мрак. Сите знаеме за мајмунариите на избори и пред и по избори. ДПМНЕ го потчини народот и сега се повикува на тој потчинет и подјармен народ. СДСМ не сака да се врати на власт без избори. СДСМ сака народот СЛОБОДНО да одлучува откако претходно СЛОБОДНО ќе се информира за да донесе суд за кого да гласа. Грујо тоа не го сака. За него народот одлучува како што он сака и како што он мисли, за него народот се овци кои треба да се водат пред себе од позади со дебел стап, а не се луѓе кои треба да се водат од напред како што прават лидерите, па народот сам да одлучи дали ќе ги следи или не!

Извор: Мактел
Слики: Свирачиња