О, вампиру!

21.04.2016 01:29
О, вампиру!

Ние не се движиме кон твоите зградурини, о вампиру, ние не јуришаме на твојата влада, на твоето собрание или врз смешното седиште на твојата фашистичка партија, ние се движиме кон самите себе, ние сме си цел на самите себе, ние се движиме кон слободата која е во нас, на луѓето што ги избркаа полицајците од себе можеш на улица да им истуриш милион специјалци - џабе ти е, вампиру, ние сме дух, можеме да минеме низ пиштолските цевки на твоите полицајци, можеме да бидеме шлемови на твоите специјалци и боја на твоите хермелини, можеме да демонстрираме од кафеана и од дома, ние сме несопирливи, скоту скотски, ќе те оставиме без крв, нашата крв не ти ја даваме и така ќе те умреме!

Извор: Фејсбук профилот на авторот
Слика: Свирачиња