Мораме да ве победиме

07.03.2017 02:57
Мораме да ве победиме

Вашата позиција е апсурдна и трагична: Ако победите - Македонија ќе наебе; ако загубите, вие ќе наебете од Македонија. Вие ќе наебете и во првиот случај зашто такви говна, таков примитивизам, таква мрза и неталенти, таква некултура, не можат да егзистираат во ниту еден друг државноправен и културен амбиент: вашата победа ќе биде, сакам да кажам, смрт за Македонија и ваша смрт. Во врска со тоа немам ни најситни дилеми. Тој исход е посигурен од календарот кој вели дека на 13 март денот ќе се разбуди како понеделник. Ако загубите, како што ќе загубите во битката со нормалноста и пристојноста, не ќе можете да го избегнете судирот со вистината во која вашите дела, во наблага форма, ќе бидат прикажани во своето реално измерување, односно како свињарии, а вие како будали и глупаци. Не претерувам, верувајте. Искомбинирани се неиздржливото чувство на срам од себе, од децата, од соседите, од светот! Некој ќе ви ги скине конците со помош на кои прават да врескате, да се смеете, да пеете, да плачете, да се движите, да се заканувате, а може и малото шаткасто чудовиште што ја држи шемата за вашите потези, гестови и гримаси, да му ја дувне, или да го замолат да го напушти театарот. И вие ќе се свлечете на сцената како мртви пувала. Сè е можно, само едно не: не може да постои Македонија со вас и вие во оваа форма во Македонија и каде било. Единствената шанса за вас, за нас и за Македонија е - да ве победиме. Ако ни помогнете - добро; ако не, ќе мораме да ве победиме сами. Ако не ве победиме, ние ќе преживееме, зашто имаме културни, ментални и интелектуални и морални сетови за преживување надвор од мртвото тело на Македонија, а вие ќе умрете како бели црви со последното залче од нејзиниот труп!

Извор: Фејсбук профилот на авторот
Слика: Свирачиња