Најчевска: Криминалци се фатени на дело, се обидуваат да ги заплашат граѓаните

25.05.2016 17:14
Најчевска: Криминалци се фатени на дело, се обидуваат да ги заплашат граѓаните

Професорката и активистка за човекови права Мирјана Најчевска воопшто не влезе во ПС Беко на информативен разговор, туку истури боја врз објектот на полициската станица.

На прашање на „Слободна Македонија“, зошто не влезе во полициска станица, Најчевска одговори:

„Не влегов заради тоа што поканата која што ја добив воопшто не ги исполнува елементарните услови да биде одговорено на неа. Затоа што не се знае за што се повикувам, и не се знае за што се теретам или не се теретам“.

Експертката за човекови права Мирјана Најчевска ја даде следнава изјава пред новинарите:

„Криминалци се фатени на дело во вршење на многу големи криминални дејствија. Високи функционери на власта краделе, мамеле, лажеле убивале. Ние ги фативме на дело. Заради тоа тие се обидуваат да ги корумпираат сите правосудни органи, полицијата, јавното обвинителство, судовите, уставниот суд. Се обидуваат да ги заплашат граѓаните, се обидуваат да ги запрат граѓаните во барањето на одговорност за секој оној кој што направил криминално дело.“

„А во однос на боењето, јас ќе испратам писмо до Министерството за култура со кое што ќе барам да ми се признае авторство на сето боење на „Скопје 2014“, заради тоа што не ме прашаа кога го правеа, и ова е мој акт на разубавување на просторот во кој што живеам“.

Извор: Слободна Македонија

Слични содржини

Активизам / Фотографија
Ирена Цветковиќ
Активизам / Став

ОкоБоли главаВицФото