Јавна дискусија во ГЕМ: „Медиумите и бегалската криза: Кој и зошто ги заборава заборавените во Република Македонија?“

26.05.2016 12:59
Јавна дискусија во ГЕМ: „Медиумите и бегалската криза: Кој и зошто ги заборава заборавените во Република Македонија?“

На 27 мај (петок) со почеток во 11 часот, во ГЕМ клубот (Стара чаршија) ќе сe одржи јавна дискусија на тема „Медиумите и бегалската криза: Кој и зошто ги заборава заборавените во Република Македонија?“

Говорници на дискусијата ќе бидат Горан Наумовски, новинар во +Инфо, Светлана Антиќ Јовчевска, независна новинарка, Томислав Кежаровски, новинар и Уранија Пировска од Хелсиншкиот комитет за човекови права на Република Македонија. Настанот ќе го модерира Мухамед Зекири, уредник во ТВ Шења.

Зошто луѓето кои страдаат затворени во погранични и прифатни центри за азил и странци, се неинтересни за медиумите во Македонија? Кому му одговара да не известува и да не го следи постојаното намалување на бројот на бегалците во пограничните центри?