„The big idea debate tournament“ – Национално дебатно првенство за средношколци

24.06.2022 14:37
„The big idea debate tournament“ – Национално дебатно првенство за средношколци

Под мотото „The big idea debate tournament!“, Младински образовен форум го најавува Националното дебатно првенство за 2022 година кое ќе се одржи од 30 јуни до 1 јули во просториите на Универзитетот за туризам и менаџмент.

Право на учество имаат сите средношколци во Северна Македонија, а од МОФ ги повикуваат сите дебатери и љубители на структуираната и организирана дискусија да се пријават и да се натпреваруваат за титулата национален шампион. Победниците на турнирот ќе ја претставуваат Северна Македонија на меѓународната дебатна академија IDEA Youth Forum која ќе се одржи во Љубљана.

Овогодинешниот турнир се состои од 4 прелиминарни рунди, полуфинале и финале. Официјалниот турнир на македонски а дебатираме според правилата на World Schools форматот.

Тезата на турнирот гласи: „Овој Дом Верува Дека е оправдано за граѓанските движења да користат стратегии за дезинформирање во борбата против диктаторски режими“.

Доколку сакате да се пријавите за турнирот пополнете ги следните линкови:
Регистрација за дебатери
Регистрација за судии

Сите трошоци за учество на турнирот (вклучувајќи и пат, сместување и храна) се покриени од организаторот.

Настанот е организиран во склоп на проектот за медиумска писменост „Младите размислуваат“.

ОкоБоли главаВицФото