Во право си, Грујо, народот навистина врие!

20.06.2016 13:06
Во право си, Грујо, народот навистина врие!

Врие народот.

Врие затоа што без партиска книшка не може ништо да направи.

Врие затоа што гледа како неспособни ги земаат работните места. Неспособни ама послушни.

Врие затоа што со платата не може сметки да плати, а не да се прехрани.

Врие затоа што секое семејство има барем по еден член со кој се гледа само на Скајп. Ако има интернет.

Врие затоа што зема плата по 9000 денари. Ако не го казнат бидејќи задоцнил 5 минути.

Врие затоа што полицијата се однесува како да е приватна војска.

Врие затоа што има 70.000 македонски фирми со блокирани сметки, а на странските инвеститори им давате огромни субвенции и амин да ги третираат вработените како робови.

Врие затоа што живее во најсиромашната земја во Европа, а власта троши пола милијарда за разубавување на еден плоштад.

Врие затоа што спомениците и фонтаните што ги направивте се 10 пати поскапи од нивната реална цена.

Врие затоа што пробавте сè за да не се процесуираат случаите на СЈО. Аболиција, закани, ваши судии.

Врие затоа што тие што протестираат ги нарекувате платеници, а за да им дадете плати на вашите паразити кои ги влечкате по контрамитинзи, секој месец се задолжувате кон странски банки.

Во право си, Грујо. Врие народот. И ќе направи супа од тебе.

Се гледаме за кратко!

Извор: Фејсбук профилот на авторот
Слика: Странски служби