Одвикнување

11.08.2016 14:37

Толку е сензибилна, гревче.
Еден брз поглед, откажана средба,
малку проблеми, мене
тоа ништо не ми значи, но
таа сè сериозно прима.

И глеј, веќе е навредена,
се жали, се заканува со мигрена.
Потоа пак се инаети,
се прави глува, не сака,
глуми несфатлива.

Да, оваа вечна мрчаторка
често ми оди на нерви.
Ама што да правам?
Нераздвојни сме
додека смртта не нè раздвои,

мене и мојата психа.

Превод: П. В.

 

Слични содржини

Секој ден песна
Секој ден песна
Секој ден песна
Секој ден песна
Секој ден песна
Секој ден песна

ОкоБоли главаВицФото