Почина Дарио Фо

14.10.2016 13:39
Почина Дарио Фо

Италијанскиот драмски писател, режисер, глумец и сатиричар, добитник на Нобеловата награда за книжевност 1997 година, почина на 91 година, во Милано, откако неколку дена претходно бил примен во болница. Италијанскиот премиер Матео Ренци порача дека со заминувањето на Фо, Италија загуби еден од најголемите протагонисти на театарот и културата.

Користејќи ги методите на ренесансната комедија дел арте, често потпирајќи се на импровизација, Фо во своите претстави ги подложуваше на остра критика организираниот криминал, политичката корупција, доктрината на католичката црква, политичките убиства, како и конфликтите на Блискиот исток. Автор е на повеќе од 70 претстави, од кои најпознати се „Мистер Бафало“, „Нема да платиме, нема да платиме!“ и „Случајната смрт на еден анархист“, кои се преведени на 30 јазици. Делата на Фо се изведувани во театрите ширум светот, од Аргентина, Англија, преку Холандија, Јужноафриканската Република до поранешна Југославија.

Со сопругата на Франко Рама, Фо ја основал театарската група со левичарски идеи, а потоа и актерската екипа која ја финансирала Комунистичката партија. Имале и своја патувачка група која изведувала претстави во фабрики и на јавни места.

Ќерката на Папата

Фо приреди големо изненадување со своето последно дело, романот „Ќерката на Папата“ кој многу брзо се најде на листата бестселери. Фасциниран од Лукреција Борџија, писателот во ова дело ја открил нејзината човечка природа, ослободувајќи ја од стереотипите на похотна и родосквернава жена.

Извор: http://www.novosti.rs