Модерен доктор направи апликација за примање мито

15.11.2016 13:12
Модерен доктор направи апликација за примање мито

Скопје, 15 ноември 2016

Кардиологот Стојан Маркоски создаде апликација за паметни телефони преку коja пациентите во иднина многу лесно, со само неколку кликови, ќе можат да го честат пред или по извршувањето на прегледот, операцијата или некој друг зафат.

Маркоски ја добил идејата со цел да го олесни целиот процес.

„Се случуваше луѓето да не знаат колку пари за што треба да дадат, па во ковертот наоѓав помалку од очекуваното. Понекогаш не знаат како да ми ги дадат парите, а да не биде непријатно. Затоа одлучив да направам аплкација која ќе ги реши сите овие проблеми“, наведува младиот доктор, а сега и IT претприемач.

Апликацијата функционира многу едноставно. Во менито има повеќе опции како што се „преглед“, „шум на срце“, „бајпас“ и други, а пациентот треба да ја избере онаа за која е заинтересиран. Потоа му излегува цената, на која треба да кликне, по што апликацијата го пренасочува на бројот на неговата картичка од која ќе биде повлечен наведениот износ.

„Идејата ми беше сè да биде максимално едноставно и сигурно. Исто така, освен еднократното плаќање за различни услуги, пациентот може да одбере и опција lifetime subscription, што значи дека платил доживотно мито за одредена услуга и во тој случај направил голема заштеда, со оглед на тоа што на таква претплата се дава дури 30 отсто попуст“, објаснува Стојан Маркоски.

За апликацијата, која може да се преземе за Android, iOS и Windows уреди, веднаш се пројави голем интерес во многу болници, па овој кардиолог размислува освен за кардиологија, во апликацијата да додаде други медицински гранки.

Извор: www.njuz.net
Слика: Свирачиња