Подобро е Левица да стане парламентарна партија

03.12.2016 18:31
Подобро е Левица да стане парламентарна партија

Левица е опозициона партија, која даде збор – доколку влезе во Собранието, ни под разно не би коалицирала со ВМРО-ДПМНЕ, а би коалицирала со СДСМ доколку на СДСМ им фали поддршка за да формира влада. Следствено, за падот на режимот покорисно е гласовите на Левица да резултираат со опозициски пратенички места, отколку тие да бидат изгубени (и да одат на конто на ВМРО-ДПМНЕ, како што велат многу од поддржувачите на СДСМ). Дури и да не им верувате на зборот на Левица, подобро е нивните гласови да вродат со мандат, па после да има кој да се држи одговорен, отколку да бидат изгубени и да „одат кај ВМРО.“

Тоа значи дека ако ништо друго, поддржувачите на СДСМ во интерес на пад на режимот треба да се воздржат од обидите за супресирање на потенцијалните гласачи на Левица, и да не им набиваат чувство на вина што ќе гласаат за партијата по сопствен избор.

Тоа значи и дека - што ќе звучи контраинтуитивно за многумина – многу штетно ќе биде за каузата „пад на режимот“ доколку значителен број на симпатизери на Левица на 11 декември гласаат за СДСМ под притисок на оние кои мантраат „само глас за СДСМ е глас против ВМРО-ДПМНЕ.“ Во интерес на пад на режимот, вусшност, е овие луѓе да си гласаат за Левица, затоа што нивните гласови ќе помогнат да се осигураме дека оние 1% (или во превод минимум 10.000 гласови во услови на висока излезеност) од електоратот кои Левица веќе ги има обезбедно (и кои ќе растат до изборите) ќе вродат со опозициски пратенички мандати, а нема, како што велат поддржувачите на СДСМ, „да идат у ветер.“

Се разбира, ова го кажувам само затоа што постои повисока цел, а тоа е падот на режимот, и затоа е битно да има конструктивен дијалог помеѓу различните кампови (затоа, ако не се сложувате, немојте одма на нож, ќе се разбереме). Доколку беа нормални избори, немаше да биде до толку важно тоа и ќе си теравме кампања на пукање секој со секого.

Токму затоа ми е важно ова да го видат про-СДСМ луѓе, кои активно водат кампања да не се гласа за Левица, како на пример Бранко Героски и Жарко Трајаноски. Левица е веќе формирана како партија, оди сама на избори, и најверојатно ќе освои преку 1% од гласовите. Штом е до таму стигната работата, за сите поарно ќе биде и да влезе во парламент, отколку да „гори.“

Бидејќи ова е една од најважните дискусии за конечно паѓање на режимот на овие избори, добро би било поддржувачите на Левица и оние кои се сложуваат со погорната аргументација да тагнат во коментари луѓе за кои сметаат дека треба ова да го прочитаат, и/ли да го споделат односно ископираат овој статус на сопствениот ѕид.

Благодарам.

Извор: Фејсбук профилот на авторот