Сè си е на место

07.02.2017 14:02

Цветот е во коса, старецот под ќебе
Иглата е в сено, во колепката бебе,
Костурот во орман, на насловната игранка,
Врабецот е в рака, гулабот на гранка,

Црвот е во јаболко, мачката во вреќа,
Болвата е в уво, молецот врз свеќа,
Зајакот е уште в шума, ловецот на трага,
Бубрегот е в лој, а волкот е на прагот.

Превод: П. В.

Артур Гитерман (Arthur Guiterman, 1871 – 1943), американски поет прославен со своите хумористични песни. Роден е во Виена, од американски родители. Во 1910 бил еден од коосновачите на Poetry Society of America. Пишувал релативно малку, но добро.

Овде можете да прочитате педесетина негови песни.

 

Слични содржини

Секој ден песна
Секој ден песна
Секој ден песна
Секој ден песна
Секој ден песна
Секој ден песна

ОкоБоли главаВицФото