1019 hPa
83 %
18 °C
Скопје - Сре, 18.09.2024 13:59
Се разбира дека се обидував да му кажам
но тој ја наведна главата
без извинување.
Му реков, небото го гони
сонцето
А тој се насмевна и рече:
„За џабе“.
Пак
се осетив како демон
и реков: „Но океанот ја гони
рибата“.
Овојпат тој се насмеа
и рече: „Да замислиме
дека можеме јагода
да набутаме во брег“.
После тоа знаев
дека војната е објавена ‒
и започна двобојот;
Рече: „Количка со јаболки
небаре ангел‒метла
чкрипат & се распаѓаат
стари кломпи“.
Реков: „Гром ќе удри во стариот даб
и ќе ослободи облак гасови!“
Тој рече: „Луда улица без име“.
Реков: „Ќелав убиец! Ќелав убиец! Ќелав убиец!“
Рече, стварно разбеснувајќи се: „Шпорети! Плин! Кауч!“
Реков, само поднасмевнувајќи се:
„Знам дека Господ би ја свртел главата
мирно да седнам и размислам“.
Завршивме расплинувајќи се,
мразејќи го воздухот!
Превод: П. В.