Концерт на Јордан Костов во Планетариум

15.03.2017 13:25
Концерт на Јордан Костов во Планетариум

На 15 март со почеток во 21 часот, во Планетариумот во Скопје ќе се одржи концерт на Јордан Костов и пријателите.

Јордан Костов - хармоника
Владимир Лукаш - електрична гитара
Петар Христов - саксофон, кларинет
Круме Стефановски - перкусии

Планетариумска проекција: Даниел Анастасов

 

* * *

 

Јордан Костов алиас Ба Це Тунг, е еден од творците на Големохармоникашката платформа во Кина, позната под слоганот „Хармоника за секое дете!“. Никогаш гонет, осудуван и протеруван, тој си ги минува деновите легнат врз кластери од звуци, леткајќи на свежото шангајско ветре како оризов лист во пролет. Живее и работи и одвреме-навреме прави концерти во планетариум.

 

* * *

 

Билетите се во строго ограничен број (60) и достапни на билетарата на МКЦ, по цена од 150 денари (претпродажба) и 200 денари (на ден на настанот).