Кога „кецарошите“ им се одмаздија на книгите

20.04.2017 10:13
Кога „кецарошите“ им се одмаздија на книгите

 

Бог се грижеше за ова дрво;
го спаси од суши, болести, лавини и илјада олуи и поплави.
Но, не може да го спаси од будали

Џон Мјуер, шкотско-американски филозоф-натуралист

 

 

 

Будалата за која зборува Мјуер во Скопје има име и презиме и се вика Коце Дрвосек. Татко на градот по функција, очув за дрвјата и за луѓето по табиет. Од неговата рака неделава паднаа уште неколку многулетни стебла што преживеаја суши, болести, олуи и поплави, дури и такви што се случуваат еднаш на илјада години.

Ги снема сенките кај ГТЦ, исечени се спомените на многу скопјани, отидоа во граѓа гранките што го сокрија првиот бакнеж на многу генерации тинејџери, чии први љубови растеа на клупите под крошните што веќе ги нема.

Додека мудреците на Коце везден по улици ни зборуваат за тврдокорноста, односно за тврдите корења и за староста на нашето македонско стебло, нивниот Коце старо стебло не остави, нема тврд корен што не го сотре во градов.

Треба на рамената да носиш празна дрвена тиква за да бидеш толку тврдокорен во омразата кон дрвјата. Град што секоја зима води мртва трка за најзагаден со Пекинг и со Тетово (комшиско дерби) да го оставаш без дрвја е самоубиство од заседа, со предумисла.

Да исечеш сè што е парк во градот и за неколку милиони евра да посадиш три врби среде Вардар и стотици палми кои не ја преживеаја ни првата скопска зима, освен што е дебел криминал, веројатно е и подебавање со здравиот разум на скопјани. Не знам дали ова е посаркастично или она зимоска кога Коце, за да ги намали ПМ-честичките во воздухот, отиде на работа со автобус, а неговиот возач со службениот автомобил возеше зад автобусот.

Дрвосечата на Коце, долгорочно, а богами и среднорочно, ќе го има истиот ефект како да го нападнал градов со хемиски оружје. Коце е Башар ал Асад за нашите деца. За нивните не се секирајте, тие ќе уживаат во Монте Карло или во Белизе под автохтони локални палми кога нашите ќе се гушат во смогот.

Целиот текст можете да го прочитате на Призма.

Слика: Свирачиња

ОкоБоли главаВицФото