Успешен референдум во Гевгелија: 98% од гласачите против рудници на Кожуф!

24.04.2017 02:07
Успешен референдум во Гевгелија: 98% од гласачите против рудници на Кожуф!

Според првичните информации од Општинската изборна комисија и од здружението „Спас за нас“, кои го набљудуваа референдумот во Гевгелија, 97,9% од граѓаните гласале против отворање на рудниците, 1,1% гласале за, додека 1% од гласачките ливчиња биле неважечки.

Референдумот во Гевгелија за или против рудници во ова општина е успешен, бидејќи на 37 избирачки места на изјаснување излегле над 70 отсто од запишаните гевгеличани со право на глас, со што е исполнет законскиот праг од 50 отсто +1.

Иницијаторите за реферндумот од здружението Спас за нас се задоволни од излезноста на граѓаните и сметаат дека гевгеличани избрале живот и чиста животна средина место рударски комплекси.

Mониторинг тимот на „ЦИВИЛ“ регистрираше повеќе помали нерегуларности во целиот процес.

-Имаше повеќе случаи на потполна неинформираност на гласачите, а во целост, може да се забележи недоволно ангажирање на ОИК за навремено и квалитетно информирање на локалната јавност за Референдумот. Се бележат и помали пропусти во работата на Избирачките одбори, УВ ламбата не работеше во две избирачки места, како и три случаи на групно гласање. Се бележат и проблеми со Избирачкиот список, односно повреда на гласачкото право. Дел од гласачите не можеа да се најдат на Избирачкиот список, велат од ЦИВИЛ, кои утре ќе објават целосен извештај.

Референдумот во Гевгелија го иницираа од граганското здружение „Спас за Гевгелија“, а одлука за изјаснување на граѓаните донесе општина Гевгелија откако изминативе три години канадски компании вршеа детални геолошки истражувања за рудно богатство на планината Кожуф.

Извор: НоваТВ

ОкоБоли главаВицФото