(Видео) Моментот кога се случи големиот земјотрес во Охрид

03.07.2017 21:50
(Видео) Моментот кога се случи големиот земјотрес во Охрид

Земјотрес со јачина од 5 степени по Рихтер го затресе Охрид. Илјадници граѓани и туристи денот го поминуваат на улиците, на градскиот кеј или во своите дворови, плашејќи се дека градот повторно ќе биде погоден од посилен земјотрес. Во текот на изминатите две недели во Охридскиот регион имаше над 800 земјотреси.

Земјотрес во Охрид се случи околу 13.09 часот. Епицентарот беше на околу 5 километри од селото Косел, на длабочина од 10 километри.

Тлото во охридско се тресе од 18 јуни, а до денеска е забележана серија од над 800 земјотреси.

Извор: Плусинфо
Фото+Видео: Охридпрес