Лунарниот април

18.08.2017 11:33

По осамените планински врвови
лета цветниот прав на боровите.

Во оваа доба долг е сончевиот ден
и се слуша појот на славеите.

Во напуштената планинска куќа
тој ја наслушнува

приказната на слепата девојка.

Превод: П. В.

Пак Мок Вол (1916-1978), корејски поет. Вистинското име му е Пак Јонг Јонг. Бил професор по книжевност и декан на Хан Јанг универзитетот. Во 1957 бил иницијатор за создавањето на Здружението на корејски поети. Познат е по припадноста на поетската група Зелено во која биле Со Ѓи Хун и Пак Ду Син. Го нарекувале поет на природата.

 

Слични содржини

Секој ден песна
Секој ден песна
Секој ден песна
Секој ден песна
Секој ден песна
Секој ден песна
Секој ден песна

ОкоБоли главаВицФото