Семејство

21.08.2017 14:32

Тука има девет пара чевли,
или на вратата или во градината,
или во куќата на поетот.
Во време кога се пали светлото
тука има девет пара чевли
со разни големини.

Моите се број 40.
После снеговите и мразовите,
кога ќе ги соблечам,
ги ставам крај бројот 20.
Среќо, среќо моја,
мој најмлад сину!

Погледни ми го насмеаното лице.
Местово е од лед и мраз.
Мој животу,
мојот број е 40.

Тоа се кученцата мои
во мојата соба.
Кученца мои,
еве ме!
После гладниот, студен и напорен пат,
вашиот татко е пак меѓу вас.

Превод: П. В.

Пак Мок Вол (1916-1978), корејски поет. Вистинското име му е Пак Јонг Јонг. Бил професор по книжевност и декан на Хан Јанг универзитетот. Во 1957 бил иницијатор за создавањето на Здружението на корејски поети. Познат е по припадноста на поетската група Зелено во која биле Со Ѓи Хун и Пак Ду Син. Го нарекувале поет на природата.

 

Слични содржини

Секој ден песна
Секој ден песна
Секој ден песна
Секој ден песна
Секој ден песна
Секој ден песна
Секој ден песна

ОкоБоли главаВицФото