Панкот и градот

09.10.2017 15:23
Панкот и градот

Скопје ги имаше најубавите и најдирљивите панкери. Ако ти се откачи ланец од точак први притрчуваа да ти помогнат, ако некој те малтретира само ќе поминеа помеѓу и исчезнуваше соговорникот.

Не се наметнуваа, ја имаа својата Коцка и сите бевме ок со тоа. Не кршеа клупи, ги галеа кучињата, не зборуваа многу, беа толку дирљиви...

Жила планинареше, Панки (Владимир Груев) беше најубавиот, седеа по тротоари - нивните стоседи (што би рекол Јовица Ивановски).

Панки, Жила, Маја, Ружни, Петел, Сашка, Божо, Борис (Борис Петровски), Слаткар, Ели, Перса (Перса е машко) и многу други оставија белег на овој град.

Беа бунтовници но и другари.

Никој во Скопје не го сакаше насилството...

 слики: Фејсбук

ОкоБоли главаВицФото