9. издание на Бош фестивал

17.10.2017 13:16
9. издание на Бош фестивал

На 21 и 22 октомври, во Народниот театар во Гевгелија ќе се одржи деветтото издание на Бош фестивалот. Организаторите, Арт Еквилибриум најавуваат богата програма со изложби и концерти.

„Проглас е последното е издание на БОШ 9 кој помалку зборува, а повеќе кажува. Манифест за посветеност, постојаност и континуираност на алтернативната уметничка продукција“, најавуваат организаторите.

МИСТЕР МОРГЕН - изложба
Последниот стрип на легендарниот плакат мајстор Игор Хофвбауер од Загреб за кој Нина Буњевац вели дека е„Чарлс Брнс на Балканот “. Овој мрачен и визионерски стрип инспириран од улиците на Нов Загреб е своевидна приказна за урбаните предградија на екс Југославија .... брут архитектура, бетон, мрачни сокаци, црни сенки и ....
Базиран на комбинација од класичен американски андерграунд стрип и филм ноар, поп арт, германски експресионизам и руски конструктивизам „Мистер Морген“ e постапокалиптична приказна составена од 13 дела кои настанале во изминатите 10 години, без вишок на зборови, линии, точки или празни букви. Све е во функција на суштината.
Игор Хофвбауер е еден од највозбудливите автори на Балканот кој стана познат по своите плакати за концертите во клубот Мочвара во Загреб.

ПЛАЗМА - изложба
Стрип на сито штампа во издание на La Dernier Cri од Марсеј кој неможе да се прераскаже, ниту пак категоризира. Луциден и визионерски го соголува човечкото тело не оставајќи простор за друга можност освен оваа овде и сега. Неверојатно оригинален Бернарда не води на едно поинакво патување низ естетиката. Гледајте подолго за да видите повеќе. Препрочитајте. И потоа сонувајте. Што неможе на јаве, нека се случи во сон.
Бернарда Хилко дел од колективот Ново Доба, Крекхаус и Турбокомикс. Живее и работи во Белград/Загреб/Сплит/Париз.

Со концерти ќе настапат и Неџо со својот најнов проект Mammoth&Yashem и Љупа како Lepi Xhoni.

За крај, сет на DJ Jahvo со гараж бит, синт панк, шлагери, беванду, р’н’б, егзотик, ска, и хип хоп.. Настанот е под покровилетство на Министерство за култура, во рамки на манифестацијата „Нов културен бран“.

 

ОкоБоли главаВицФото