Сигурна куќа за ЛГБТ лица

19.10.2017 11:59
Сигурна куќа за ЛГБТ лица

Хелсиншкиот комитет за човекови права на Република Македонија-ЛГБТИ Центар за поддршка ќе отворат нов шелтер центар – „Сигурна куќа“ за заштита на ЛГБТИ лица, жртви на секаков вид на насилство.

Шелтер центарот ќе згрижува луѓе со различна сексуална ориентација: геј мажи, лезбејки, бисексуалци, транс и интерсексуални лица кои претрепеле:

Семејно насилство (од член на семејството или од интимниот партнер), што е опфатено и со дефиницијата од Законот за превенција, спречување и заштита од семејно насилство , во член 3 „Под семејно насилство се подрабира малтретирање, навредување, загорзување на сигурноста, телесно повредување, полово или друго психолошко, физичко или економско насилство со кое се предизвикува чувство на несигурност, загрозување или страв, вклучувајќи и закани за такви дејствија, спрема брачен другар, родителите или децата или други лица кои живеат во брачна или вонбрачна заедница или заедничко домаќинство, како и спрема сегашен или поранешен брачен другар, вонбрачен партнер или лица кои имаат заедничко дете или се наоѓаат во блиски лични односи, без оглед дали сторителот го дели или го делел истото живеалиште со жртвата или не.“

Бездомништво/ Се под ризик од бездомништво/ Напуштени од своето семејство заради различната сексуална ориентација

Дискриминација и тешко прекршување на човекови права
Кризно згрижување при акутно физичко насилство
Трпат насилство во партнерска врска

Шелтер центарот т.н Сигурна куќа се отвора во рамки на Проектот на USAID за подобрување на статусот на ЛГБТИ луѓето во Македонија, и ќе функционира според принципите на работа на другите шелтер центри во земјата како и националната легислатива. Просторот на Сигурната куќа е опремен и ќе работи согласно Правилникот за нормативите и стандардите за основање и започнување со работа на установи за социјална заштита Центар за лица – жртви на семејно насилство (сл.весник бр. 33, 19 март 2007, стр.2 точка бр. 491).

Сигурната куќа има капацитет за 7 корисници и работи 24 часа, постојано, секој ден. За корисниците обезбедуваме домување, храна, средства за лична хигиена, основни медикаменти, правни услуги, услуги од психолог и социјален работник.
Програми кои ќе ги нуди Сигурната куќа во своето работење:
• Креативни работилници
• Едукативни настани
• Спортско-рекреативни активности
• Неформални дружби

Доколку вие, во вашата работа, се сретнете со случаи каде жртви на насилство и дискриминација се лица од ЛГБТИ заедницата, ве молиме да ги реферирате на следните контакти:
Телефонски број: 023 075 025
Мобилен телефон: 071 210 475
Email: contact_safehouse@lgbti.mk
Бесплатна линија за помош: 0800 6 66 66

 

 

Слични содржини

Општество / Активизам / Квир / Историја
Општество / Активизам / Култура / Теорија / Историја

ОкоБоли главаВицФото