Повик за волонтер(к)и во ЛГБТИ центарот за поддршка

08.11.2017 04:00
Повик за волонтер(к)и во ЛГБТИ центарот за поддршка

ЛГБТИ Центарот за поддршка, поддружница на Хелсиншкиот Комитет за човекови права на РМ објавува повик за вклучување на тројца волонтер(к)и:

-Администратор/ка на веб-страната на ЛГБТИ Центарот за поддршка
-Два асистент/ки на програмата за градење на заедницата

АДМИНИСТРАТОР/КА НА ВЕБ-СТРАНАТА НА ЛГБТИ ЦЕНТАРОТ ЗА ПОДДРШКА

Работните обврски на волонтерот/ката ќе бидат:

*Собирање и обработка на податоци/статии релевантни за ЛГБТИ заедницата која живее во Република Македонија;
*Поддршка во подготвувањето на вести;
*Секојдневна комуникација со тимот на ЛГБТИ Центарот за поддршка

Профил на волонтерот/ката:

– Комуникациски вештини

– Прилагодливост на флексибилно работно време

– Флуентно познавање на англиски јазик

– Работа на MS Windows, MS Office и пребарување на Интернет

– Подготовка на текстови и кратки, концизни пораки

– Искуство во работење со социјални медиуми и иноватни начини на споделување информации релевантни за групите со кои работи ЛГБТИ Центарот и неговата работа

– Искуство во промоција на настани

– Искуство во работење со алатки за социјални медиуми: фотошоп, видео едитирање и сл.

 

Ангажманот ќе се спроведува во периодот од 20.11.2017 до 30.04.2018 од понеделник до петок, 10 часа во неделата. Кандидатот/ката ќе има можност да работи во домашни услови или во просториите на ЛГБТИ Центарот за поддршка.

 

 

ДВА АСИСТЕНТ(К)И НА ПРОГРАМАТА ЗА ГРАДЕЊЕ НА ЗАЕДНИЦАТА

 

Работните обврски на волонтерите/ките ќе бидат:

*Комуникација со членовите на групите за поддршка во ЛГБТИ Центарот
*Комуникација со членовите на 5 локалните ЛГБТИ јадра кои работат на промоција и заштита на човековите права на ЛГБТИ луѓе на локално ниво
*Поддршка во организирање на настани

Профил на волонтерот/ката:

– Комуникациски вештини

– Сензибилизирани за работа со маргинализирани групи без оглед на нивната раса, етничка припадност, сексуална ориентација и/или родов идентитет и било која друга човечка карактеристика

– Искуство во организирање на настани

– Прилагодливост на флексибилно работно време

– Флуентно познавање на англиски јазик

– Работа на MS Windows, MS Office и пребарување на Интернет

– Подготовка на текстови

Ангажманот ќе се спроведува во периодот од 20.11.2017 до 30.04.2018 од понеделник до петок, 20 часа во неделата. Ангажманот ќе се спроведува во просториите на ЛГБТИ Центарот за поддршка во Скопје, а по потреба и надвор од канцеларија и низ градовите на Република Македонија.

За својот ангажман волонтерите/ките ќе добијат надомест на трошоци за храна и превоз.

Избраните волонтер/ки ќе добијат и обука за спроведување на работните задачи.

Заинтересираните кандидат/ки треба да испратат своја кратка биографија (CV) и мотивациско писмо на адресата: info@lgbti.mk најдоцна до 11 ноември 2017.

Само претселектираните кандидати/ки ќе бидат контактирани и повикани на интервју.

Заинтересираните кандидати можат да ги поставуваат своите прашања на е-маил: info@lgbti.mk

Ги охрабруваме сите ЛГБТИ луѓе кои живеат во Република Македонија да аплицираат на повикот.

ОкоБоли главаВицФото