„Сметаморфоза“ - изложба на Ведран Бојановски

24.11.2017 13:17
„Сметаморфоза - изложба на Ведран Бојановски“

На 24 ноември (петок) во 20 часот во Мобилната/Монтажната галерија во Паркот на франкофонијата ќе биде отворена изложбата Сметаморфоза на Ведран Бојановски.

Изложбата Сметаморфоза претставува своевидна реакција на константната пренатрупаност на јавниот простор со непотребни елементи и објекти кои иако се направени да го облагородат просторот, всушност сè почесто ни пречат. Ова се пресликува во сите домени на нашите животи. Заради тоа во современиот урбан живот просторот ни е ограничен.

Во тој случај скулптурата авторот на интересен начин ни ја претставува и ја искористува како вид на накит (wearbal sculpture). Односно, целта на скулптурата станува таа да е мобилна и да стане лесно пренослива. Скулптурите од проектот Сметаморфоза на Бојановски функционираат поставени во која било средина. т.е каде и да се наоѓа постаментот (Човекот, јас или ти) таму е поставена изложбата. Скулптурата како накит станува лесно пренослива станува нестатична т.е мобилна, разиграна. Овозможува да се облече и лично да се доживее. Скулптурата има универзален јаик кој на телото ја покажува разиграната и подвижна страна. Прикачени на телото, интерактивните скулптури носителот може да ги намести во одредена поза на рака на глава, на прсти и на тој начин да самиот да стане уметничко дело и објект на уметноста.

* * *

Ведран Бојановски е роден 1977 година во Скопје, Дипломирал на Универзитетот Св. Кирил и Методиј, Скопје, факултет за ликовни уметности – отсек вајарство , поднасока сценографија. Бил дел од голем број групни изложби, а повеќепати изложувал и самостојно.