Господинот Когито и чистата мисла

02.02.2018 16:59

Се труди Господинот Когито
да ја постигне чистата мисла
барем пред спиење

но тој труд веќе
носи клица на пораз

значи кога доаѓа
до состојба мислата да е како вода
голема и чиста
крај рамнодушен брег

водата ненадејно се мрешка
и бранот донесува
лимени конзерви
дрва
прамени од нечија коса

вистина Господинот Когито
не е сосем невин
не можеше да го одвои
внатрешниот поглед
од поштенското сандаче
во ноздрите чувствуваше мирис на море
штурци му го скокоткаа увото
а под ребрата чувствуваше прсти отсутни

беше обичен како и другите
мебелирани мисли
кожата од раката врз наслонот на столот
на образот
бора на нежност

некогаш
некогаш подоцна
кога ќе се излади
ќе ја постигне состојбата сатори

и ќе биде како што учителите препорачуваат
празен и
восхитувачки

Превод: П. В.

 

ОкоБоли главаВицФото