Отуѓеноста на Господинот Когито

04.02.2018 17:06

Господинот Когито во раце ја држи
топлата амфора на главата

остатокот од телото е скриен
го гледа само допирот

ја набљудува заспаната глава
туѓа и полна со нежност

уште еднаш
зачудено утврдува
дека постои некој надвор од него
неодгатлив
како камен

со граници што се отвораат
само за миг
потоа морето го исфрла
на карпестиот брег

со сопствената крв
со туѓиот сон
наоружан со својата кожа
Господинот Когито ја оддалечува
заспаната глава
внимателно
за на образот
да не остави
отисоци од прсти

и осаменички
заминува
во кречот на постелата

Превод: П. В.

 

ОкоБоли главаВицФото