Господинот Когито и поп

06.02.2018 16:43


1.
За време на концерт на поп музика
Господинот Когито размислува
за естетиката на бучавата

самата идеја е секако
привлечна

да бидеш бог
значи да се фрлаат дрвја и камења

или помалку теолошки
да се проголта јазикот на стихиите

да се замени Хомер
со земјотрес
Хорациј
со камена лавина

да се извлече од утробата
она што е во утробата
ужас и глад

да се откријат патиштата
за исхрана
да се откријат патиштата
за дишење

да се откријат патиштата
за копнежот
со црвено грло да се свират
луди љубовни песни

2.
проблемот е во тоа
што крикот ѝ се измолкнува на формата
што е посиромашен од гласот
кој се подига
и спушта

крикот ја допира тишината
но за со засипнатост
а не со волја
да се опише тишината

поради слабата артикулација
е дречав и темен

го отфрли милосрдието на хуморот
бидејќи не знае за полутонови

тој е како острица забодена во тајна
иако се обвива
околу тајната
иако не ги познава нејзините облици
ја изразува вистинитоста на чувствата
од резерватот на природата

го бара изгубениот рај
во новите џунгли на редот

се моли за нагла смрт
и таа му бива доделена

Превод: П. В.

 

ОкоБоли главаВицФото