Што е 0101001101001011?

07.03.2018 18:46
Што е 0101001101001011?

Денес, едно необично видео кружи по социјалните мрежи. Се работи за аматерско видео на кое се гледа како навидум човек лебди над МРТВ, а на крајот за момент се појавува еднакво необичен симбол. Во описот на видеото се наоѓа само еден линк кој води до вебсајт – https://0101001101001011.com

На вебсајтот освен самото видео се наоѓа и тајмер кој одбројува до 15-ти март. Видеото е веројатно обид за онлајн маркетинг или промоција на некаков проект од културна или инаква природа, но бидејќи ниту видеото ниту вебсајтот не нудат никакви конкретни информации, целта на целиот проект најверојатно ќе се дознае по истекот на времето на тајмерот, односно 15-ти март.

Постои и фејсбук група поврзана со за сега мистериозниот македонски сајт -  https://www.facebook.com/shto.e.0101001101001011/

Во меѓувреме можете да го погледнете видеото тука:

извор: авторите на проектот

 

ОкоБоли главаВицФото