Десет цитати од Стивен Хокинг кои ја одразуваат неговата брилијантност

14.03.2018 16:46
Десет цитати од Стивен Хокинг кои ја одразуваат неговата брилијантност

10. Мојот совет за хендикепираните луѓе: концентрирајте се на работите кои хендикепот не ве спречува да ги вршите добро, и не жалете по работите што ги попречува. Не бидете со хендикепиран дух, ако веќе телото не е совршено.

***

9. Нема поента да збеснувате ако заглавите во нешто. Јас, на пример, продолжувам да мислам на проблемот но работам на нешто друго. Некогаш години поминуваат пред да најдам пат напред. Во случајот на загуба на информации и црни дупки, поминаа 29 години.

***

8. Гледајте во ѕвездите, а не во нозете. Пробајте да најдете смисла во тоа што го гледате, и прашувајте се зошто постои универзумот. Бидете љубопитни.

***

7. Дури и да има само една можна унифицирана теорија, сепак тоа се само збир правила и равенки. Што е тоа што ги вдахнува равенките и создава универзум кој го опишуваат? Вообичаениот пристап на науката на конструирање на математички модел не може да одговори на прашањето зошто постои тој универзум кој го опишува моделот. Зошто воопшто се труди да постои универзумов?

***

6. Ние сме само напреднат вид на мајмуни на мала планета на многу просечна ѕвезда. Но го разбираме универзумот. Тоа не прави многу посебни.

***

5. Си ја загрозуваме сопствената егзистенција со нашата алчност и глупавост. Не можеме постојано да гледаме внатре кон самите себеси на една мала и сè повеќе загадена и препопулирана планета.

***

4. Треба само да се погледнеме самите себе за да видиме како интелигентен живот може да се развие во нешто што не би сакале да го сретнете.

***

3. Не само што Бог се коцка, но некогаш ги фрла коцките кајшто не се гледаат.

***

2. Мислам дека компјутерските вируси треба да се сметаат за живи. Мислам дека ова говори нешто за човечката природа, дека единствената форма на живот која сме ја создале досега е крајно деструктивна. Создадовме живот според нашиот лик и сличност.

***

1. Некои луѓе тврдат дека нештата како љубов, радост и убавина припаѓаат на други категории и дека не можат да се опишат во научна смисла, но мислам дека сега може да се објаснат преку теоријата на еволуција.