Сонувајќи гради

23.03.2018 21:00

Мајко,
чудно лице на божица
над мојот млечен дом,
со тоа нежно засолниште,
те изедов.
Целата моја потреба
те приземји како оброк.

Се сеќавам како во сон
на она што ми го даде:
пегавите раце што ме повиваат,
смеата негде над мојата волнена капа,
крвави прсти ми врзуваат врвки,
градите висат како два лилјака,
а потоа се настрвуваш врз мене,
ме виткаш.

Градите што ги запознав на полноќ
сега чукаат во мене како море.
Мамо, ставив пчели во уста
за да се воздржам од јадење,
но сепак не помогна.
На крајот ти ги отсекоа градите
и млеко потече од нив
во рацете на хирургот
кој ги прибра.
Ги земав од него
и ги засадив.

Ставив катанец
на тебе, мајко, драг мртов човеку,
така да твоите големи ѕвона,
твоите прекрасни понија
можат да галопираат и галопираат
каде и да си.

Превод: П. В.

 

Слични содржини

Секој ден песна
Секој ден песна
Секој ден песна
Секој ден песна
Секој ден песна
Секој ден песна
Секој ден песна

ОкоБоли главаВицФото