1015 hPa
76 %
11 °C
Скопје - Пет, 26.04.2024 08:59
Режисерот и сценарист Игор Иванов – Изи е избран за претседател на Друштвото на филмски работници на Македонија, а филмската критичарка и селктор на документарната програма, Гена Теодосиевска за нова директорка на Интернационалниот фестивал на филмска камера „Браќа Манаки“ во Битола. Новите директори се избрани на изборното собрание на ДФРМ, а доаѓаат на местата на продуцентот Роберт Насков и на филмскиот критичар Благоја Куновски – Доре.
За претседател на Друштвото Иванов-Изи бил единствен кандидат. Тој ќе го предводи ДФРМ во следните четири години. За директор на „Браќа Манаки“ се кандидирала и продуцентката и актерка Лабина Митевска, која во неколку мандати беше директорка на фестивалот.
Теодосиевска од 2008 е дел од фестивалот, како селектор на програмата за документарен филм, а во изминативе две години, беше уметничка директорка на „Браќа Манаки“.