Мултимедијална изложба и хепенинг „Протест(и) - потпис на револуцијата“

10.04.2018 12:53
Мултимедијална изложба и хепенинг „Протест(и) - потпис на револуцијата“

Фотографот Александар Кондев и Цивилмедиа на 12 април (четврток) организираат изложба и хепенинг посветена на граѓанските протести во Македонија. Настанот е најавен за 17 часот, во паркот на Жена-Борец, кај споменикот на Прометеј.

„12 април е ден кој го сметаме како почеток на Шарената револуција, граѓански отпор кон недемократскиот режим во Република Македонија. Наречен како #Протест/#Protestoj, граѓански протест, протести на средношколците и студентите, #ДолеВлада или Шаренаta револуција, овој ден ја означува борбата за слобода и демократија што сѐ уште ја водиме.

Во периодот од 2011 до 2017 реки од граѓанки и граѓани со барања за демократизација на државата и општеството течеa по улиците низ целата земја.

Целиот овој период, фотографски, меѓу нив се трудевме да ги забележиме сите мигови кое ни минуваа пред објективите.

Во чест и почит кон сите оние што беа спремни јавно и упорно да ги постават своите барања, го подготвивме овој мултимедијален настан под име „Протест(и)“. Ве повикуваме заеднички да ја потпишеме Револуцијата! “, пишуваат организаторите.

Мултимедијалниот настан е финансиран и поддржан од Собрание на Град Скопје и Министерството за култура, а во организација и заедничка соработка на Александар Кондев, фотограф, со ЦИВИЛ - Центар за слобода, Кирил Михаилов, архитект, Ирена Стеријовска, режисерка и граѓанска активистка и студиото „Imagine“.

 

ОкоБоли главаВицФото