На Закерберг му падна контактната леќа за време на сослушувањето во Сенатот, откривајќи застрашувачко рептилско око

12.04.2018 12:18
На Закерберг му падна контактната леќа за време на сослушувањето во Сенатот, откривајќи застрашувачко рептилско око

ВАШИНГТОН, Д.Ц. - За време на неговото извикано појавување пред двопартискиот комитет на Сенатот, хуманоидната контактна леќа што извршниот директор на Фејсбук Марк Закерберг ја беше ставил на левото око, случајно падна, откривајќи го застрашувачкото жолто рептилско око кое се криело под неа.

„Сенаторе, сега ги немам тие информации со мене“, рече тек-милијардерот по седумстоти пат пред инцидентот. Додека се подал да се напие вода за да изгледа како вистински човек кој е жеден, лажната леќа за човечко око паднала од очната школка, и ужасното втренчено вонземјанско око одоздола брзо се фокусирало на сенаторот што го испрашувал.

Откако просторијата полна со законодавци и новинари колективно занеме, сенаторот посочи на Закерберг и извика: „Вашето око отпадна! Вие сте ... чудовиште!“, што го поттикна Закерберг да одговори монструозно,„Сенаторе, ви благодарам, ќе се погрижам мојота екипа да ви врати за ова“.

Извор: http://babylonbee.com