Прелудиум

31.05.2018 15:53

1.
Снегот паѓа врз Сараево
Како врани да ја тресат лудоста
Низ Ферхадија чекор по чекор
Берти Голдстејн ми зборува
Лудаците
Вели
Лудаците
Тие се светлината на светот
Ние гледаме
А тие виѓаваат
Ние се смееме
Тие се смеата
Нивната лудост
Ни ја отвора вратата
Од лудницата
Која ја нарекуваме
Свет

2.
Па излезете
Слободно
Чувари
Лудоста
Го раздувува северот
Лудоста
Го осветлува југот
Можете каде што сакате
Ако умот не ви пречи

Превод: П. В.

 

Слични содржини

Секој ден песна
Секој ден песна
Секој ден песна
Секој ден песна
Секој ден песна
Секој ден песна
Секој ден песна
Секој ден песна

ОкоБоли главаВицФото